Во понеделник протест и во Тетово, ќе се бара правда за Кочани, модуларната болница, Беса транс и Дурмо турс

Од иницијативата „Нула“ денес им подарија противпожарен апарат на Основото јавно обвинителство и на Основниот суд во Тетово, за како што велат, нивна безбедност и како симбол за итната потреба за вистинска правда.

„59 млади луѓе загина во Кочани 14 пациенти живи изгореа во Модуларната болница – Тетово 45 лица загинаа во несреќата на Беса Транс …16 лица загина во несреќата на Дурмо Турс… и #НУЛА ОДГОВОНОРСТ“ велат тие во објавата на социјалните мрежи.

Од иницијативата повикуваат на протест во понеделник во 12 часот и 30 минути на плоштадот во Тетово на кој ќе се протестира за правда, бидејќи таа не смее да остане во сенка.

„НУЛА тишина. НУЛА толеранција за корупцијата што убива. НУЛА страв“ велат од иницијативата.

Зачлени се на нашиот е-билтен