Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Скопје паднати бандери, скинати жици од електродистрибутивната мрежа и кабловските оператори на повеќе локации

Сообраќајот во државата се одвива во отежнати зимски услови и надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци, а на одредени патни правци има забрана за тешки товарни возила.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека според добиените информации од контакт лицата од општините и Град Скопје или поточно од Кризниот штаб за координирање на активностите од Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје, состојбата со проодност на улиците и патиштата е следна:

Улиците и булеварите во надлежност на Град Скопје се проодни за одвивање на сообраќајот, но под отежнати зимски услови;

Во дел од општините сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, а надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци.

Проодноста со улиците и булеварите во Град Скопје е отежната за одвивање на сообраќајот, поради снежните врнежи. Надлежните институции континуирано ги расчистуваат патните правци.

Како резултат на обилните врнежи од снег во Скопската котлина во Градот Скопје имаше пријави за паднати дрвја, паднати бандери, скинати жици од електродистрибутивната мрежа и кабловските оператори на повеќе локации во градот Скопје. Пријавите за нивно решавање и понатамошна постапка од ЦУК беа проследени до надлежните служби и институции односно: ЈП Македонија пат, Кабелски оператори Телеком, А1, Телкабел, ЕВН, ЈП Паркови и зеленило, Инспекторат за животна средина на Град Скопје, Кризен штаб на Град Скопје

Зачлени се на нашиот е-билтен