Запленети 237 парчиња рачен и електричен алат без документација, уапсени две лица

Полицијата привремено одзеде вкупно 237 парчиња нов, неупотребуван рачен, батериски и електричен алат без соодветна документација, при што лишени од слобода се две лица.

Според МВР, вчера на автопатот Табановце – Куманово полициски службеници ги уапсиле Л.А. (32) од село Никуштак и А.Ш. (32) од Скопје. Возилото „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од Л.А., било запрено за контрола, а при деталниот преглед биле откриени 237 парчиња разновиден алат без никакви придружни документи.

Алатот и возилото се одземени, а по целосно документирање на случајот против осомничените ќе следува соодветна пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен