Силјановска Давкова: Извештајот на Европската комисија треба да биде повеќе технички отколку политички

Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, изјави дека последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија повеќе ја одразува политичката перспектива отколку техничката проценка на реформите.

Таа посочи дека документите од Брисел треба да бидат „технички прегледи“ кои дијагностицираат, класифицираат и оценуваат постигнувања, без да се прекршуваат со политички толкувања.

„Заклучокот би бил дека технички може да се напредува, но политички може да се биде блокиран. Или, техничката проценка понекогаш се прикажува низ политичка призма. Мислам дека овој втор елемент е проблематичен и контроверзен,“ изјави Силјановска Давкова.

Таа најави дека на 17 ноември ќе учествува на состанокот на Советот за европски интеграции, каде што ќе го номинира својот претставник и лично ќе ги изнесе своите ставови и забелешки во врска со процесот на пристапување.

„Сметам дека е важно да ја потврдам својата посветеност на европската интеграција, но и да ги споделам некои од моите согледувања и препораки,“ додаде претседателката.

Зачлени се на нашиот е-билтен