Денеска на протест се очекува да излезат вработените од Министерство за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд, како и вработените од Државниот завод за статистика и во државниот Архив. Тие бараат потпишување на колективни договори, со коишто вработените ќе имаат 30 проценти додаток на плата. Претходно со штрајк своето незадоволство го изразија и вработените во Државното правобранителство
Од 11 до 11: 30 ќе протестираат поради игнорантскиот однос на властите за зголемување на нивните плати. Од УПОЗ, синдикат кој стои позади овие државни институции велат дека со години се бара зголемување на платите во јавниот сектор, но за овие незадоволни институции за сега нема интерес.
Од УПОЗ велат дека министерствата кои излегуваат на протест имаа истакнато барања за добивање додаток на плата уште пред носење на Буџетот за 2025 година. Со поддршка на ресорните министри до министерството за финансии велат дека се пратија Предлог – Колективни договори со 30% додаток на плата но сите беа одбиени од Министерство за финансии.
Од Владата изразуваат сомнеж дека протестите можеби имаат политичка заднина, бидејќи, според нив, синдикатите не ги исцрпиле сите други механизми пред да најават протест.
Министерот за Администрација пак рече дека барањата за повисоки плати се оправдани но дека 30% сепак се премногу.