Денеска осамна напад на новата потпртседателка на партијата, проф. д-р Ана Чупеска од страна на ВМРО ДПМНЕ. На својата веб страна партијата објави обвинување во кое наведува дека еминентната професорка некогаш некаде рекла или напишала дека „новинари треба да одат во затвор“ .
Во одговор за Нова ТВ, Чупеска вели: „Тоа се измислици на ВМРО. Тие имаат за цел да ме демотивираат во мојата намера да се борам со дезинформациите кои ги пласираат неуморно. Впрочем, ако имаат некаков доказ за тоа што го тврдат нека го приложат кон таа очајна пракса да ја извртуваат стварноста . Им честитам на тоа што се најдобриот и учебнички пример на проблем од пост-вистината, која го уништува нашето општество. Секако, им порачувам, да се извинат пред граѓаните за сите новинари што ги апсеа; и на нивните семејства; но и на оние кои беа жртви на масовните злоупотреби на човековите права, вели Ана Чупеска.