Белградската филхармонија со црвени ракавици ги поддржа студентските протести

Фото: Facebook

Синоќешниот концерт во Белградската филхармонија заврши со обраќање на музичарите на публиката и кревање раце држејќи ги црвените ракавици како симбол на студентските протести и паролата – „Рацете ви се крвави“.

На профилите на социјалните мрежи не Белградската филхармонија се објавени фотографии од овој настан, како и зборовите кои музичарите ги упатија до присутните.

Музичарите истакнаа дека студентите се светлата иднина на Србија и дека белградската филхармонија секогаш ќе ги поддржува младите и нивниот глад за правда, права и подобар живот.

Како што наведоа, целосно се согласуваат со нивните барања и безрезервно ја поддржуваат нивната храброст и енергија.

Зачлени се на нашиот е-билтен