Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Да се потсетуваме секогаш на „Црниот понеделник“ како поука за иднината

Пратеникот Фатмир Битиќи на својот Фејсбук профил потсетува на времето на „режимот“ кога пратениците и новинарите беа насилно одвлечкани од Собраниската сала.

„Црниот понеделник“ е потсетник за тоа што се случува кога инклузивноста ќе се замени со исклучување, кога дијалогот ќе се замолчи со насилство, a и кога Собранието ќе биде злоупотребено и претворено во сцена на поделби.

Наша должност е денес (а и секој 24ти декември) да се потсетиме на овој настан, не само за да го осудиме, туку и за да се заложиме дека никогаш нема да дозволиме слични моменти да се повторат.

Зачлени се на нашиот е-билтен