Зендаја (Еуфорија, Дуна…) беше „слика и прилика“ на стариот холивудски гламур на доделувањето на наградите Златен глобус во неделата вечерта, пристигнувајќи во елегантен фустан на Луј Витон со плисирана „опашка“ што се движеше зад неа додека одеше по црвениот тепих во Беверли Хилтон во Лос Анџелес, пишува денеска Си-Ен-Ен.
Актерката, која беше номинирана за нејзината изведба во „Предизвикувачи“ (иако на крајот загуби од Деми Мур), исто така имаше нова фризура – дел од изгледот што нејзиниот стилист, Ло Роуч, рече дека бил инспириран од пионерите на црната забавна индустрија како Џојс Брајант.
Но, некои обожаватели беа повеќе заинтересирани за накитот на Зендаја – особено големиот дијамантски прстен на нејзиниот лев прстен.
Дијамантскиот прстен на Зендаја ги поттикна гласините за свршувачката со Том Холанд.
Не е јасно дали прстенот е подарок од Том Холанд или само гламурозна провокација за ноќта.
Сепак, тоа не ги спречи медиумите од шоу бизнисот и фановите на социјалните мрежи да шпекулираат дека таа најаваува не толку суптилна објава за свршувачка.
„Зендаја со дијамантски прстен на ТОЈ прст ОМГ“, пишуваше на една објава на X, порано Твитер.
Други сугерираа дека изборот на прстенот можеби е малку повеќе од ПР трик. „Зендаја и Ло ќе ви кажат на сите дека такви прстени се изнајмуваат на еден ден“, напиша еден корисник на X.
Претставниците на ѕвездата не одговорија веднаш на барањето на CNN за коментар дали таа и Холанд се свршени. Таа претходно затвори слични шпекулации откако беше сликана како носи златен прстен на истиот прст во 2023 година.
Зендаја, сликана со ѕвездата од „Мечката“, Ајо Едебири, ја смени облеката подоцна во вечерните часови, иако прстенот остана изложен.
Свилениот сатенски фустан на Зендаја, кој го комбинираше со соодветни сатенски потпетици, беше меѓу најзборуваните изгледи на неделните Златни глобуси. Роуч на Инстаграм напиша дека изгледот е стилизиран во чест револуционерните афро-емрикански креативци Дијахан Керол, Ерта Кит, Дороти Дендриџ и Џојс Брајант.
Откако влезе внатре, ѕвездата облече нов аутфит и подоцна беше сликана во слатка наметка со светки, но, прстенот на нејзината лева рака останал видлив.