Европската унија го повика Израел да ги прекине своите најнови воени операции во Газа, при што се вели дека стотици биле убиени од рано утрово.
-ЕУ изразува жалење за прекинот на огнот во Газа и за смртта на цивили, вклучително и деца, во израелскиот воздушен напад, се вели во заедничката изјава на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас и комесарите Дубравка Шуица и Хаџа Лахбиб.
„ЕУ го повикува Израел да ги прекине своите воени операции и го повторува својот повик до Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници“, се додава.
ЕУ, исто така, го повика Израел „да покаже воздржаност и да продолжи со непречен влез на хуманитарна помош и електрична енергија во Газа“.