На денешната 28 собраниска седница на која дневниот ред беше рекорден 68 точки, пратеничаката на СДСМ, Даниела Николова од СДСМ, рече дека измените во Законот за основно образование, ќе бидат штетни за инклузијата на децата со попреченост во образованието.
„Начинот на организирање на инклузијата кој е предвиден во законските решенија, значи враќање една деценија, наназад. Сето она што е вложено во напредокот на овој процес, само со една интервенција во Законот за основно образование ќе предизвика штета која долгорочно ќе ја чувствуваат децата со попреченост. Овие измени може да значат повторно враќање во специјализираните училишта и оставање на децата со попреченост на маргините на општеството.
Според Николова со законските измени предложени од власта, ‘наместо подигање на свест за овие сензитивни прашања’, Владата со непопуларни мерки го уназадува целиот процес.
Николова се осврна и на амандманите за вработувањето на образовнте асистенти на неопределно време, предложени од СДСМ, а одбиени од мнозинството, предводено од ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование. Во амандманската расправа опозицијата реагираше и на законските измени со кои се бришат термините род, родова еднаквост, родовиот идентитет како дискриминаторски основи.
„Тоа не е во согласност со одредбите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, а исто така претставува и повреда на одредби од Уставот, како и на меѓународните конвенции кои ги имаме ратификувано. Таму каде децата треба да се чувствуваат најбезбедно, таму каде треба да им е понудена заштита од насилство и дискриминација, таму со овие измени се праќа јасна порака дека институциите нема да препознаваат, а со тоа и да санкционираат одредено насилство“, рече Николова.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го отфрлија предлогот на пратеничката група на СДСМ законските решенија за основното образование да бидат разгледани на јавна расправа. Од СДСМ велат дека со ваквата одлука владејачкото мнозинство покажува ‘недостиг на транспарентност и отвореност’.
Според социјалдемократите одлуките за образовниот процес на децата не смеат да се носат ‘зад затворени врати’ бидејќи отвара сомнеж дека Владата на Христијан Мицкоски, “не е заинтересирана за критики од страна на јавноста“.
амандманот предложен од СДСМ, по реакциите на Институтот по педагогија при УКИМ и измените на законот за основно образование, каде е оспорена компетентноста на педагозите за реализација на наставниот процес во одделенската настава и продолжениот престој на учениците во основното училиште.
„Досега, во јавноста и во стручната фела не е презентирана ниту една причина зошто педагогот како профил не е соодветен за негова вклученост во наставниот процес и продолжениот престој во основното училиште. Со ова се оспорува и статусот на педагозите кои веќе се вработени и реализираат настава и продолжен престој во основните училишта. Со овие предложени измени се проблематизираат и одлуките на голем број студенти што се определиле да студираат педагогија. Ваквиот потег со измените и дополнувањето на законот за основно образование значат дискриминација за сите нив, рече Николова.