Христоски: Крушево нема добиено ниту денар за организирање на културни настани во тековната година! „Толку од патриотизмот, Македонија повторно ваша“

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, денеска на својот фб објави дека Крушево воопшто нема добиено пари од Министерството за култура за организирање на настаните во текот на 2025 година.

„И покрај тоа што денес вработеите во Министерството за култура сеуште немаат добиено плата, Ве известувам дека општина Крушево за прв пат со 0 денари, или, без директна поддршка од страна на истото министерство за оваа тековна 2025 година, за организирање на културните и историски, традиционални настани и државни манифестации“, напиша Христоски на својот фб.

„ 0 денари за прв пат или без воопшто финансиска поддршка за настанот When in Krusevo, организиран од млади ентузијасти преку кој настан доаѓаа во Крушево над 2500 посетители за еден Викенд!Затоа Ве повикувам сите заедно во Крушево да застанеме гордо, особено за националниот празник ,,Илинден” 1ви август да го развиориме бајракот на слободата и непокорот, после интонирањето на државната химна, со МОЛК да го означиме државниот и национален празник ,,Илинден”, барем за толку имаме заслужено…“, пишува Христоски.

Тој во својот напис прашува зошто постои Министерството за култура и каде се пренасочени парите кои Крушево секоја година ги добиваше за организирање на културни и јавни настани.

„Замислете Ако Крушево како град на непокорот, Крушевската Република, историјата, културата, темелните вредности како уставотворна категорија на првиот и вториот Илинден, традиција НЕ добие директна поддршка од страна на министерството за култура, затворете го и не знам зошто воопшто постои такво министерство, но воедно баш ме интересира како градоначалник, а исто така нашите сограѓани каде се насочени, буџетирани и пренаменети нашите народни средства“, напиша Христоски.

Христоски, посочува дека поради овој случај Министерството за култура треба да оди под стечај.

“Министерство за култура под стечај, толку од патриотизмот, Македонија повторно ваша! Сите сме деца на Илинден! Борбата сеуште трае!“, напиша Христоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен