Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево од Социјалдемократскиот сојуз.
„Со особена чест и голема одговорност денеска ви се обраќам од името на граѓаните на Крушево – градот на храброста, историјата и надежта. Градот симбол на слободата и непокорот. Денес сме тука, не само да зборуваме за политиката, туку да зборуваме за прогресот, визија и иднината што сите заедно ја градиме под знамето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. СДСМ отсекогаш бил гласот на народот, заедништвото, двигател на реформи и симбол на напредокот. Денес не сме тука заедно без разлика на верска или било каква друга поделеност, само за да одбележиме уште еден момент во политичкиот календар, туку сме тука за да потврдиме дека веруваме во иднина – иднина на развој, правда, еднаквост, слобода и просперитет. Иднина која ја градиме заедно, со дело и посветеност, чекор по чекор, за секоја улица, за секое населено место, за својот град, за својата општина. Тука сме да го потврдиме нашето заедничко уверување – дека Македонија може повеќе, а Крушево уште повеќе. Дека со планско работење, труд и единство – и највисоките цели се достижни“, истакна Хрискоски.

Градоначалникот нагласи дека Крушево отсекогаш било симбол на борба и достоинство.
„Токму тоа ни дава сила да продолжиме со конкретни чекори кои го подобруваат животот на секој наш сограѓанин. Во времиња на неизвесност, ние нудевме стабилност. Во времиња на неправда, ние се боревме за правда. Во времиња на поделби, ние градевме мостови на соработка и хармонија по примерот на Крушевскиот Манифест, со една цел, за едно поинакво, поубаво и заедничко Крушево во кое сите придонесуваме“, вели Христоски.
Градоначалникот наброја и дел од најважните проекти реализирани од локалната самоуправа:
„Почитувани, Во Крушево направивме конкретни чекори за подобар живот – инвестиции во локалната инфраструктура, поддршка за младите, развој на туризмот, подобри услови за образование и култура. Се насочивме насекаде во секое населено место од општината, како и во Крушево, затоа што за нас секој наш сограѓанин е битен и важен.Од с.Бучин до с.Белушино.Од Крушево до с.Пуста Река“, рече Хрисоски.

Дозволете ми да споделам дел од проектите што ги подготвуваме со посветеност и верба:
Асфалтирање и реконструкција на двете улици во Крушево на ул.Нико Доага од сред село до Сувенирка. Асфалтирање на пристапна улица до спортската сала, до спомен обележјето на Тоше Проески, платото на Гумење, главната улица низ градот.
Резервоар за питка вода во село Белушино
Изградба на резервоар за питка вода во село Пресил
Изградба на детско игралиште во село Алданци и асвалтно игралиште во истото село
Набавка на метларка, 21 контејнер и косилка
Набавка на 50 контејнери за населените места кои ќе бидат распределени во наредниот период.
Рехабилитација на регионален пат Крушево-Слива-Пуста Река во должина од 15км.
Изградба на меѓуопштински пат ветуван повеќе децении од Борино-Житоше
Комплетна реконструкција на спортската сала – водовод и канализација, систем за греење, нова фитнес сала
Поставување на сувенирници на Гумење
Доградба на водоводна линија за водоснабдување на село Саждево
Реконструкција на пристапен пат до село Јакреново
Набавка на минибус Фиат Дукато
Набавка на АТВ
Изградба на фекална канализација 1 фаза во село Норово
Водоснабдување во село Јакреново
Реконструкција и проширување на постоечкиот терен на полетувалиште
Уредување на дел од парцела за полетувалиште и поставување на урбана опрема
Изградба на паркинг – полетувалиште, изградба на контролна кула
Тампонирање на патеки до земјоделски површини во повеќе населени места од општината во с.Алданци, с.Врбоец, с.Саждево,с.Пресил и населбата Трстеник.
Реконструкција на горна училишна зграда
Крушево беше прогласен за град на културата за 2023 година
Проект за општо корисна работа во кого вклучивме 30 луѓе да се грижат за стари и изнемоштени лица со посета во домот.
Поставување на нова вештачка трева на полетиште, уредување на тротоари со осветлување
Реконструкција на регионален пат Стопанство – Алданци – Норово, долна улица во должина од 2км, поврзување на селото горно со долно маало, ново улично осветлување.
Изградба на спомен обележјето на нашата поп икона и музичка ѕвезда Тоше Проески
Реконструкција и изградба на нов пат до Крушевско езеро и уредување на викенд зона Езеро
Реконструкција и доградба на улица Питу Гули со паркинг
Изградба на резервоар на питка вода во село Борино
Зафаќање на води Опаленик, крак 1.2,3 4,
Изградба на фитнес зона во Крушево во близина на хотел Монтана
Реконструкција на ООУ Никола Карев Крушево
Модернизација на улично осветлување во општина Крушево
Набавка на товарно возило камион, соларка, плуг и мулчер
Набавка на возило за собирање на отпад
Модернизација на ТППЕ Крушево со нова опрема.
Набавка на теренско возило
Набавка на камион за ТППЕ Крушево
Игралиште за фудбал во Крушево на Струнга маало
Реконструкција на локалната улица Коча Миленку и дел од улицата Манчу Матак
Набавка на ровокопач
Уредување на детско игралиште на Гумење
Уредување на градски парк во Крушево
Реновирање на подрачно училиште во село Борино
Оспособување на детска градинка во село Бучин
Реконструкција на локален пат во село Борино
Реконструкција на општински пат (село Врбоец – с, Св. Митрани) делница од административна граница со општина Кривогаштани – Св. Митрани.
Адаптација на сензорна соба и изградба на ново детско игралиште во дворот од детската градинка.
Реконструкција, санација и изградба на улици низ градот во должина од 5км
Иако имаше забелешки и критики дека фокусот бил повеќе насочен кон населените места, одредени населени места или во некои делови од општината повеќе или помалку се реализирале проекти , верувајте цел изминат период бевме насочени да рамномерно се гради како во градот така и во секое населено место.
За мене зборот важи, ако до сега се поврзуваа населените места со патна инфраструктура и се она што беше најнеопходно за живот, Затоа сега јавно и одговорно ветуваме дека следниот период приоритет ќе биде решавање на сите актуелни проблеми на нашите сограѓани во градот, но и во населените места, со конкретни мерки и видливи резултати. Нашата работа продолжува, но овојпат со поголема рамнотежа и интензитет и во градот.
Ова не е случајно – ова е резултат на нашата посветеност, но и нашата храброст да се спротивставиме на старите навики и да донесеме нова енергија во локалната самоуправа. Со гордост можам да кажам – Крушево се движи напред. И тоа со СДСМ на чело!
Крушево од 55 општини кои аплицираа на европски проекти беше избрана во 2021 година како општина за пример во имплементација на
проекти.
Крушево отсекогаш било симбол на борба, на слобода, на визија. Од Илинден до денешнината, ние сме генерации кои не се откажуваат. Денес, пред вас стои локална самоуправа која е целосно посветена на транспарентност, економски развој, истакна Христоски.
Крушево ќе победи, нагласи Христоски.