Индија и Кина во своите пристаништа повеќе не прифаќаат нафтени танкери санкционирани од САД. Деновиве Кина одби да прифати три брода со руска нафта.Овој пакет санкции беше усвоен истиот ден кога беше објавено дека ќе бидат воведени санкции за НИС.Танкерите Олја, Мермар и Хуихаи Пацифик, кои превезуваа повеќе од два милиони барели, се „заглавени“ на источниот брег на Кина поради американските санкции.
Администрацијата на Бајден воведе санкции против танкери кои превезуваат руска нафта продадена над границата од 60 долари за барел.
Русија користеше таканаречена флота во сенка од стари бродови за да ги избегне санкциите. Многу од овие бродови се небезбедни со можност за излевање на нафта, велат експертите за поморство.
Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, САД санкционираа десетици бродови, од флотата која се проценува на стотици, за да ја намали способноста на Москва да ја финансира војната.
Американскиот министер за финансии Џенет Јелен минатиот месец изјави за Ројтерс дека САД размислуваат за дополнителни санкции против компаниите кои управуваат со танкери и нема да исклучат санкции за кинеските банки, бидејќи САД се обидуваат да ги намалат руските приходи од нафта и пристапот до странските резерви.
Г7, ЕУ и Австралија воведоа ограничување од 60 долари за руската нафта на крајот на 2022 година, забранувајќи ја употребата на западните поморски услуги како што се транспортот, осигурувањето и финансирањето на испораките на нафта со цени над дозволеното.