Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Индија очекува зајакнати економски односи со САД под водство на Доналд Трамп

Индија очекува да ги зајакне своите економски односи со САД преку соработка со идната администрација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Ова денеска го изјави индискиот министер за трговија и индустрија Пијуш Гојал пред новинарите во Делхи.

-Очекуваме да воспоставиме многу длабоки и плодни односи со новата администрација во САД, рече индискиот министер.

Тој најави дека вкупната вредност на трговијата со стоки и услуги што ја врши Индија се очекува да достигне над 800 милијарди долари во финансиската 2024/2025 година, која завршува во март.

САД се најголемиот трговски партнер на Индија.

Билатералната трговска размена меѓу нив изнесува над 118 милијарди долари во финансиската 2023/2024 година. Индија известува за трговски суфицит од 32 милијарди долари во трговијата со САД.

Трговијата меѓу Делхи и Вашингтон може да се зголеми за уште 50 милијарди долари во рок од две до три години, според проценките на пазарните аналитичари.

Зачлени се на нашиот е-билтен