Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Индија подготвена да врати 18.000 свои граѓани од САД за да му удоволи на Трамп

Индиja соработува со новата администрација на Доналд Трамп да врати 18.000 нелегални индиски имигранти од САД, откако претседателот потпиша итна уредба за депортација на нелегални имигранти, соопшти синоќа „Блумберг“.

Владите на САД и Индија идентификувале 18.000 индиски државјани кои нелегално престојуваат во земјата и кои треба да бидат вратени во Индија. Сепак, точниот број на индиски нелегални имигранти не се знае и се проценува дека е многу поголем.

Во понеделникот откако беше инаугуриран за претседател на САД, Трамп прогласи вонредна состојба поради нелегалната имиграција. Тој нареди Пентагон да обезбеди поддршка за изградба на ѕид на границата, објекти за притвор и транспорт на мигранти, како и да му даде овластувања на министерот за одбрана по потреба да распоредува војска на границата.

Индија се надева дека соработката со администрацијата на Трамп ќе ги заштити легалните канали за миграција на индиски државјани за влез во САД, како што се студентските визи и програмата H-1B. Неуспехот да се реши прашањето за нелегалните мигранти може негативно да влијае на трудовите и мобилните договори на Индија со други нации, соопштува „Блумберг“ повикувајќи се на свои извори.

Според извештај на „Пју рисрч“ (Pew Research) од 2024 година, Индијците се трета најголема група на нелегални имигранти во САД, по Мексико и Ел Салвадор и бројат околу 725.000.

Податоци од Американската служба за царина и гранична заштита покажуваат дека бројот на нелегални индиски имигранти во земјата расте. Нелегалните преминувања нагло се зголемиле на помалку фреквентната северна граница на САД, каде што Индијците сочинуваат речиси една четвртина од сите преминувања и се најголема група на нелегални мигранти пресретнати таму. 

Зачлени се на нашиот е-билтен