Индиските златари остануваат без работа поради царините на Трамп! Извозот е загрозен, илјадници работници ќе бидат отпуштени

Новите високи царини во САД се закануваат да го загрозат извозот на скапоцени камења и накит од Индија, ставајќи го во опасност егзистенцијата на илјадници работници во секторот

Соединетите држави, кои купуваат повеќе од 30 отсто од индискиот извоз на скапоцени камења и накит, во четвртокот воведоа реципрочна царина од 27 отсто на производите, во време кога побарувачката за нив на другите клучни пазари како Кина, Блискиот Исток и Европа слабее.

„Новите царини негативно ќе влијаат на побарувачката за дијаманти во САД, така што губењето на работните места се чини неизбежно, барем на краток рок“, рече Динеш Навадија, претседател на Институтот за дијаманти во Сурат во Индија.

Повеќе од 80 отсто од необработените дијаманти во светот се обработуваат и полираат во вториот по големина град во Гуџарат, родната држава на премиерот Нарендра Моди.

На тој пазар, каде што секојдневно се собираат над 10.000 трговци и брокери, бизнисот е замрзнат, кои наведуваат дека условите се полоши отколку за време на финансиската криза од 2008 година, па на многу помали производители нема да им преостане друг избор освен да престанат да работат.

САД досега оваа година увезле скапоцени камења и накит во вредност од речиси 10 милијарди долари од Индија, што е околу 30,4 отсто од извозот на земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен