Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Извештај: Воените акции на Израел влијаеја на убиствата на заложниците

Акциите на израелската војска имаа „индиректно влијание“ врз одлуката на милитантите на Хамас да убијат шест заложници во Газа во август, според воената истрага објавена во вторникот.

Откривањето на телата на шестмина израелски заложници во септември предизвика длабок шок низ Израел, што поттикна половина милион луѓе да излезат на улиците барајќи владата да постигне договор со Хамас.

Шестмина заробени од палестински милитанти за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, беа смртно застрелани до 72 часа пред да бидат пронајдени од израелските сили, според проценките на Министерството за здравство.

Истрагата покажа дека заложниците биле убиени од киднаперите и дека „активноста на израелската армија во областа, иако постепена и претпазлива, имала индиректно влијание“ врз одлуката на милитантите да ги извршат убиствата.

„Истрагата објавена вечерва уште еднаш докажува дека враќањето на сите заложници ќе биде можно само со договор“, се вели во соопштението на Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите.

Во тек се преговори меѓу Израел и Хамас за ослободување на стотиците заложници кои се уште ги држи Хамас во Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен