Летната офанзива на руските сили, која Кремљ ја планира за следните месеци, има за цел да обезбеди одлучувачка предност на фронтот пред повторното отворање на преговорите за прекин на огнот во октомври – ова е оценката на украинските и западните експерти по неуспешните преговори во Истанбул.
„Без прекин на фронтот, нема сериозни преговори“, изјави Иван Ступак, поранешен припадник на украинската служба за безбедност. Тој оценува дека преговорите ќе можат да продолжат најрано во октомври, кога летната офанзива на Путин би можела да заврши или да пропадне, пренесува Дојче веле.
„Не смее да има смирување на Москва во форма на укинување на санкциите, признавање на Крим како руска територија или ветувања за заеднички развој на Арктикот. Затоа војната ќе продолжи – предупреди Ступак, додавајќи дека таквите обиди и онака не дале резултати“, рече Ступак.

Да потсетиме, делегациите на Украина и Русија се сретнаа во петокот во Истанбул, првпат официјално по три години. Договор за прекин на огнот не беше постигнат, но страните се согласија да разменат по 1.000 воени заробеници. Иницијативата дојде од Москва – рускиот претседател Владимир Путин испрати свои советници и заменици министри, меѓу кои и Владимир Медински.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше составот на руската делегација како „лажен“, тврдејќи дека меѓу нив нема никој овластен да носи вистински одлуки.
„Нашите заминаа од почит кон претседателот Трамп и Реџеп Таип Ердоган. Не очекував ништо значајно“, рече Зеленски, додавајќи дека лично е подготвен да се сретне со Путин, но дека рускиот претседател не го прифатил.
Барања од Москва и украинскиот отпор
По разговорите, украинскиот министер за одбрана и шеф на делегацијата Рустем Умеров изјави дека приоритет на Украина е „човечкиот живот“ и дека е договорена размена на затвореници. Тој тврди дека партиите се изјасниле за модалитетите на примирјето, но дека деталите се уште се отворени.
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека руските предлози се „неприфатливи“, а претставниците на опозициската партија „Европска солидарност“ тврдат дека Москва побарала повлекување на украинските трупи од сопствената територија – како „гест на добра волја“.
„Тоа е ултиматум и повик за капитулација“, напиша Ирина Херашченко, додавајќи дека руската делегација во Истанбул понудила листа на ултиматуми, а не компромиси.
Западот бара дијалог, Москва сака војна – но знае дека времето не е на негова страна
Според политичкиот аналитичар Иван Ус, средбата се случила затоа што тоа го побарале Соединетите Американски Држави.
„Украина се согласи на преговорите затоа што Америка го сакаше тоа, а Европа не е подготвена да ги поддржи без САД“, рече Ус.
Тој тврди дека Москва дошла во Истанбул само за да ја шири својата позната пропаганда, знаејќи дека не може да победи додека Америка ја снабдува Украина.
Есента како пресвртница за Русија
Иван Ус предвидува дека токму во октомври, кога се очекува остар пад на руските економски показатели, Путин би можел да биде подготвен на отстапки.
„Тогаш тој би можел да прифати прекин на огнот и да се повлече од војната.