Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска изјави дека „не е тешко да се предвиди“ до каков заклучок ќе дојде дипломатската мисија на Европската унија во истрагата за тоа дали Израел го крши меѓународното право во Појасот Газа, што би можело да влијае на Договорот за соработка меѓу Брисел и Тел Авив.
„Ситуацијата во Газа е, секако, целосно неприфатлива. Дипломатската служба на ЕУ во моментов проценува дали Израел ги исполнува своите обврски според меѓународното право. Но, гледајќи телевизија и читајќи весници, мислам дека не е тешко да се предвиди каков заклучок ќе се донесе“, изјави Кошта.
Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) е задолжена да го испита Договорот за соработка на ЕУ со Израел, кој го прогласува почитувањето на човековите права и демократските принципи како „суштински елемент“ што е основа на соработката меѓу Брисел и Тел Авив.