Одобрувањето на Тел Авив за изградба на уште 22 населби на окупираниот Западен Брег претставува намерна пречка за палестинската државност, изјави денеска британскиот министер за Блискиот Исток и Северна Африка, Хејмиш Фалконер.
„Обединетото Кралство ги осудува тие дејствија. Населбите се нелегални според меѓународното право, дополнително го загрозуваат решението за две држави и не го штитат Израел“, наведе Фалконер во објава на X.
На почетокот на април, Советот за човекови права на ОН усвои две резолуции презентирани од Палестинските територии, кои ја потврдуваат нелегалноста на израелската окупација и го поддржуваат правото на палестинскиот народ на самоопределување.