„Нас ни треба еден зелен договор за конечно политиката да ја тргнеме од решавањето на животната средина“, истакнува во интервју за Рацин.мк поранешниот заменик министер за животна средина и претседател на интересорската група за спроведување на Планот за чист воздух во периодот од 2018 до 2020 година, Јани Макрадули.
Тој укажува деја инвестициите во здрава средина чинат пари, понекогаш не се фер и ја посочува Германија каде што се гледа дека затворањето на термоелектраните си носи и свои политички ефекти.
„Но кога имате консензус општествен, не само политички тука викам да се вклучат и граѓански организации, науката задолжително „зелен договор“ е нешто што е апсолутно потребно“, нагласува Макрадрули во одговорот дали ни е потребен еден голем ангажман, широка акција и дали тоа значи дека треба да зборуваме за зелен договор во Македонија.
„Апсолутно, јас мојот ангажман во МЖСПП го завршив со таков предлог до Владата бидејќи беше очигледно дека после европскиот зелен договор, којшто беше инициран и реализиран од социјалдемократите, се наметна како приоритет да се формира и зелен договор за Западен Балкан и затоа тогаш инсистирав да бидеме пионери, да ја покренеме таа иницијатава“, вели во интервјуто за Рацин.мк Јани Макрадули.
Тој посочува дека за време на ковидот кога не се одеше на работа, кога немаше толку возила низ улиците, се виде во кој правец треба да се оди.
„Ни треба општествен консензус да се договориме дали „Чебрен и Галиште“ ќе го правиме ние или странци, дали „Митилинеос“ ќе биде со наши пари или со стратешки инвеститори. Тие се темели кои треба да кажат во кој правец ќе оди зелената транзиција во нашата држава и без разлика која Влада ќе дојди ќе ги продолжи проектите. Вака секогаш врајќајќи се на почеток кон нула, или зборување едно во опозиција а друго на власт, не може да има ефект“, истакнува во интервју за Рацин.мк поранешниот заменик министер за животна средина и претседател на интересорската група за спроведување на Планот за чист воздух во периодот од 2018 до 2020 година Јани Макрадули.