еѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше нагоре прогнозата за економскиот раст на Турција за 2025 година, од 2,6 на 2,7 отсто, јавуваат турските медиуми повикувајќи се на нов објавен извештај на институцијата.
Како што наведува новинарскиот портал „Хаберлер“, корекцијата е направена по анализа на голем број економски индикатори.
Според истиот извештај, стапката на невработеност во земјата годинава се очекува да изнесува 9,4 отсто, додека до 2026 година се предвидува да се намали на 9,2 проценти.
Инфлацијата, пак, за следната година се прогнозира на високи 22,8 отсто.