Најмалку 18 загинати во израелски напад во Газа, стотина повредени

Најмалку 18 луѓе загинаа во израелскиот напад врз градот Газа, соопштија локални медицински извори.

Според Палестинската новинска агенција УАФА во нападот што се случи близина на дистрибутивен центар за хуманитарна помош повредени се повеќе од сто луѓе.

Инцидентот се случил во област позната како Коридор Нецарим, во близина на центар за дистрибуција на помош управуван од Хуманитарната фондација за Газа (ХФГ).

Израелската армија соопшти дека го разгледува случајот.

Израелската армија минатата недела ги предупреди Палестинците да не се приближуваат до патиштата кои водат до пунктовите на ХФГ од 18 до шест часот.

Во меѓувреме, палестинските здравствени власти соопштија дека во израелски напад врз куќа во градот Деир ал Балах, централниот дел од Појасот Газа, загинаа осум луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен