Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговараше со претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.
„Трамп изрази длабоко жалење за нападот во Вашингтон во кој беа убиени двајца вработени во израелската амбасада, Јарон Лишински и Сара Милграм“, се вели во соопштението.
Двајцата лидери разговараа и за војната во Појасот Газа, при што Трамп ја изрази својата поддршка за целите на Нетанјаху во неа, вклучително и ослободувањето на сите заложници.
Израелскиот премиер, исто така, изјави дека изградбата на посебна зона за испорака на хуманитарна помош во палестинската енклава ќе биде завршена во наредните денови.