Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Норвешката служба за безбедност очекува руска саботажа во 2025 година

Норвешката служба за внатрешна безбедност денеска оцени дека веројатно е руската разузнавачка служба да ја саботира Норвешка во текот на 2025 година, конкретно за да ја запре испораката на помош за Украина.

Истакнувајќи дека неколку десетици вакви акции се случиле во Европа од крајот на 2023 година, шефот на Службата за внатрешна безбедност (ПСТ), Беате Гангас, рече дека во оваа фаза не е идентификуван ниту еден докажан случај.

„ПСТ, сепак, смета дека е веројатно руските разузнавачки служби да се обидат да извршат саботажни акции против цели во Норвешка во 2025 година“, рече Беате Гангас за време на презентацијата на годишната проценка на заканите насочени кон Норвешка.

„Целта на можните активности би била да се спречат нашите испораки во Украина или негативно да се влијае на јавното мислење во врска со помошта за Украина“, додаде Гангас. 

Зачлени се на нашиот е-билтен