Во Албанија забележано е значително намалување на бројот на баратели на азил, од 261 лице во 2023 година, на само 104 минатата година.
Според официјалните податоци, главни земји на потекло на барателите на азил се Авганистан со 27,9%, Сирија со 17,3% и Пакистан со 10,6%.
Најголем број барања за азил, односно 57,7% од вкупните барања биле во месеците март, април и јуни.
Рекорден број апликанти за азил имало во 2018 година или околу четири илјади, од нив над 3.200 биле Сиријци, наспроти 2017 година кога имало околу 450 апликации од нив над 300 апликации на Сиријци. Останатите биле Палестинци и Пакистанци.