Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претседателката Силјановска доследна на зборот, на власта и го врати првиот Закон за кој има забелешки

Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, усвоен на 24-ти декември 2024 година, Претседателката Силјановска Давкова го врати на доработка во Собранието.

Имено во известувањето до Собранието, Силјановска упатува на преиспитување на, според неа, спорните одредби од членовите 9 и 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.

Тие се однесуваат на одредбите за издавање на лиценци за работа, кои според неодамна усвоените измени „се издаваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и неговото писмо“.

Таа во дописот до претседателот на Собранието Гаши изразува уверување дека Собранието како носител на законодавната власт ќе ги има предвид нејзините забелешки и укажувања при повторното рагледување на одредбите од членовите 9 и 10 од Законот, и дека ќе креира јасни, прецизни и недвосмислени решенија во согласност со Уставот.

За волја на вистината забелешки на Законот имаше и од страна на опозицијата. Според СДСМ „спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата. Со предложените измени на Законот власта ги враќа процесите назад, со воведување можност за полагање за стекнување со лиценца во хартиена форма наместо во дигитална“, реагираа од СДСМ.

Левица задоволна од ветото затоа што сметаат дека таа ги послушала нивните укажувања: „Дали тоа претседателката на Републиката конечно го слушна апелот на пратениците на Левица, па ставила вето на противуставните двојазични лиценци? Ако е така, аферим и ашколсун!”, напиша лидерот Апасиев на Фејсбук.

За ДУИ Ова е агресија против Албанците, во која ВЛЕН свесно ја презема улогата на соработник. Ова не е само удар врз јазикот – ова е обид за враќање на Албанците назад, за демонтирање на сите тешко стекнати права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка на ВЛЕН, покажува дека нема никаков интерес за соживот, туку следи реваншистичка, антиалбанска и опасна агенда“, обвинија од Мала Речица.

ВРЕДИ остана нема и без било каква реакција на ветото на претседателката Силјановска, но изостана и реакција на забелешките од страна на ДУИ.

ВМРО ДПМНЕ и Владата ветото на Силјановска го прими доста смиерено, барем според реакцијата на вицепремиерот Николовски кој „Ние го почитуваме ставот на претседателката и тоа е нејзина работа – да ја контролира законодавната власт во делот на усогласеност на законите со Уставот“, изјави вчера вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на ТВ Сител.

„Би почекале да го видиме нејзиното образложение, зашто кога претседател ќе врати одреден закон во Собранието, дава образложение во кој дел не се согласува со законот. И подготвени сме да го доработиме законот во насока на нејзиното образложение и на нејзините укажувања (…) Да се врати повторно во владина, а потоа и во собраниска процедура, да се доработи согласно со укажувањата и соодветно на Уставот.  Јас сум убеден дека претседателката се водела од Уставот кога ја донела оваа одлука“, изјави Николоски.

Според Законот за Собранието, ако шефот на државата одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот во рок од 30 дена од денот на неговото донесување. Ако при повторното разгледување Собранието го изгласа законот со најмалку 61 глас, независно дали притоа ќе ги земе предвид укажувањата на Сиљановска-Давкова, претседателката е должна да го потпише указот за негово прогласување.

Зачлени се на нашиот е-билтен