Само 22 отсто од испуштените води во 2024 година биле пречистени

Вкупното количество зафатенa вода од претпријатијата во 2024 година изнесуваше 6 841 милиони м3, со најголемо учество на секторот  Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 99.1 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество вода е од површински води, односно 49.8 %. 

Вкупното количество користена вода во 2024 година изнесуваше 3 464 милиони м3 и споредено со 2023 година бележи зголемување од 27.0 %. 

Од вкупно испуштените води, во 2024 година пречистени се 22.0 %.

Зачлени се на нашиот е-билтен