СДСМ: Дали Мицкоски и Тошкоски преку лицето Драган Петрушев Казак ги заплашува родителите на жртвите од Кочани?

На денешната прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, постави низа прашања за, како што рече, институционално заплашување на родителите на жртвите од трагедијата во Кочани. Во неговото обраќање, Илиевски посочи дека лицето Драган Петрушев, кој бил сменоводител за време на несреќата, редовно присуствува на протестите во Кочани во полициска униформа.

„Зошто Драган Петрушев присуствува на речиси секој протест во Кочани во формален капацитет како полицаец? Дали целта на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски е да ги заплашува родителите на починатите од Кочани да не говорат за што се случувало кобната вечер?“, запраша Илиевски.

Тој постави и прашања за тоа дали постои обид за прикривање на трагедијата:

„Колку време е оставено на вистинските виновници за трагедијата во Кочани да прикриваат и уништуваат докази? Колку време им е оставено на вистинските виновници да прават притисок врз сведоците и оштетените, да им се закануваат на родителите на починатите во Пулс?“, праша тој.

СДСМ, според Илиевски, повеќе нема да дозволи молк од институциите. „СДСМ нема да дозволи да нема правда за 62 починати млади деца и 200 повредени кои се директни жртви на институциите со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ!“ – изјави Илиевски. Тој најави дека СДСМ ќе продолжи со, како што ја нарече, „објавување на Вистината за трагедијата во Кочани“.

Зачлени се на нашиот е-билтен