Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Страшен биланс на новогодишните прослави во Германија: Пет мртви, ампутирани екстремитети, слепило поради експлозии…


На новогодишната ноќ во Германија пет лица ги загубија своите животи поради пиротехнички средства, а десетици беа повредени. Ваквиот биланс од новогодишната ноќ уште на првиот ден од 2025 година поттикна дискусии за целосна забрана на пиротехниката.

„Пет мртви, многу луѓе тешко повредени, градови преполни со отпад и да не ги заборавиме животните дека и тие поминуваат низ ужаси. И се ова е резултат на лудилото за користење на пиротехнички средства. Нема врска со традицијата и крајно време е да се забрани. “, рече градоначалникот на Бремен, Улрих Мауерер.

Најмногу има повредени во Берлин, но жртви се регистрирани во различни делови на Германија.

„Бројот на повредени е споредлив со бројот на пациенти во претходните години, но повредите се многу потешки“, велат од клиниката за траума во Берлин.

Меѓу повредените има неколку пациенти кои останале заслепени од експлозиите, како и пациенти на кои поради повредите морале да им бидат ампутирани екстремитети. Полицијата смета дека повредите годинава се посериозни поради нелегални експлозивни направи, кои ги имало повеќе од претходните години.

Полицијата покажува петарди со голема експлозивна моќ. Еден таков уред во областа Шонефелд предизвикал оштетување дури на зградите при што биле искршени прозорците.
Огорченост од нападите врз претставници на јавните служби изрази и градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер.

„Незамисливо е да бидеме сведоци на напади врз полицајци со нелегални петарди кои се силни како бомби, фрлање камења или пиротехнички средства врз работниците за итна помош и пожарникарите. Сторителите мора да го почувствуваат целиот обем на средствата на владеењето на правото “, рече Вегенер.

На новогодишната ноќ во Берлин биле провредени 15 полицајци.

Вегенер сепак истакнува дека „мнозинството Берлинци“ славеле мирно, вклучително и на организираната прослава пред Бранденбуршката порта каде се собрале околу 60.000 луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен