Тетовската полиција потврди дека татко си го убил сопствениот син. Според соопштените детали за тешкото убиство случено попладнево, таткото го убил својот 39-годишен син.
Денеска (02.01.2025) околу 18:50 часот во Тетово, лицето С.Н. (39) бил пронајден во неговата куќа без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел сам со својот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил испратен во Ургентниот центар Тетово. Во просторијата каде што е пронајден С.Н. пронајдена е ловечка пушка. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на тетовската полиција.
Локалните медиуми во Тетово објавија дека станува збор за македонско семејство кое живеело во населбата Блок 70.
Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот. Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската болница.