Трамп ќе присуствува на самитот на Г7 во Канада во јуни

 Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе присуствува на самитот на лидерите на Г7 во Канада следниот месец, соопшти Белата куќа денеска.

„Претседателот Трамп ќе патува на самитот на лидерите на Г7 во Канада од 15 до 17 јуни“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на дневниот брифинг.

Односите меѓу Вашингтон и Отава се затегнати поради постојаните изјави на Трамп во кои ја повикува Канада да се придружи на САД и неговите сеопфатни царини против земјата.

Но, врските се подобрија откако новоизбраниот канадски премиер Марк Карни го посети Трамп во Белата куќа претходно овој месец по неговата победа на општите избори во Канада во април.

Зачлени се на нашиот е-билтен