Трамп: Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот, во тек се преговори за поделба на територијата

Претседателот Доналд Трамп, говорејќи од Овалната соба во петокот, рече дека верува оти наскоро ќе дојде до целосен прекин на огнот за да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.

„Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина“, рече Трамп.

Претседателот додаде дека во моментов се преговара за договор за поделба на територијата меѓу двете земји, пренесува Си-Ен-Ен.

„Ќе имаме договор, а договорот се преговара токму сега“, рече Трамп. „Договорот за поделба на територии и други прашања – се преговара во моментов.

Трамп, кој неодамна имаше одделни телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за спроведување на делумен прекин на огнот, рече дека останува непопустлив во неговите напори да стави крај на војната за да се запре убиствата и да заштеди пари за Соединетите држави, кои обезбедуваат воена помош за Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен