Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за поддршка на индустријата за рударство во длабоките морски води, која е контроверзна поради еколошки причини, јави ДПА.
Со уредбата потпишана синоќа, администрацијата е задолжена да го забрза издавањето дозволи за комерцијално ископување суровини од морското дно во меѓународни и американски води.
Целта, според Белата куќа, е САД да станат глобален лидер во експлоатацијата на минерали од морското дно и да ѝ се спротивстават на Кина во оваа сфера.
Длабинското рударство се фокусира на ископување манганови грутки, богати со кобалт, бакар и никел – клучни за батерии за електрични возила. Меѓутоа, научните студии предупредуваат на големи ризици за недоволно истражените екосистеми на длабокото море.
Иако Конвенцијата на ОН за морско право од 1994 година го создаде Меѓународниот орган за морско дно (ISA), со седиште во Јамајка, САД не се потписничка на таа конвенција.
„И покрај глобалната опозиција, САД планираат да го уништат последното недопрено живеалиште на Земјата“, предупреди организацијата Гринпис. „Трамп го претвора длабокото море во Див Запад“, изјави нивниот експерт Даниела фон Шапер.