Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: Пратениците на ДПМНЕ се однесуваат арогантно, а владата на Мицкоски манипулира со 5% покачување на платите

„Владата да не манипулира со некојси 5% покачувања, туку да ги исполни обврските од колективниот договор, со кој треба да се добие реално покачување на платите на работниците. Но, оваа власт не е способна ниту еден буџет да донесе како што треба, а камо ли да ги накачи платите. И некоректно е пратениците од ДПМНЕ, да се однесуваат арогантно и самобендисано, со навреди, и да повикуваат на отфрлање на амандманот за зголемување на плати, или да се закануваат повторно, рече Тренчевска, на денешната амандманска расправа на Комисијата за финансирање и буџет, каде на дневен ред е Предлог буџетот за 2025 година.

Тренчевска, потенцираше дека Владата на СДСМ била препознатлива по зголемување на платите во јавниот и во приватниот сектор, бидејќи минималната плата, била зголемена од 8 илјади денари, (колку што ја остави ДПМНЕ), на 22.500 денари, а просечната плата од 22 илјади од 2016 година на околу 41 илјади.

„Сега неспособната влада на ДПМНЕ ја намали просечната плата за илјада денари“, рече Тренчевска.

Тренчевска уште потсети дека во времето на владеењето на СДСМ имало евидентни покачувања на платите, во здравството и образованите. Таа рече дека во 2016 година, во средното образование, платата на наставниците изнесувала 21.950 денари, а во септември 2023, таа била во висина на 35.200 ден. Во високото образование, ако основна плата на универзитетски професор беше 36.211 таа во моментов е 81.783 денари. Големи покачувања на платите имало и во основното образование, каде од 21.100 платата се покачила на 33.640 денари.

– Владата мора да испочитува обврските од колективниот договор, а не да манипулира. Со коефициентот на сложеност до крај на годината мора да биде склучена спогодба, меѓу потписниците на Општиот колективен договор за јавниот сектор, а тоа е Владата и Сојузот на синдикатите. Кога СДСМ беше на власт и кога го подготвуваме колективниот договор, ставивме заштитна клаузула за да не се оштетени работниците и тие во март во 2025 мора да добијат реално зголемена плата, рече Тренчевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен