Најмалку три лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика во близина на крајбрежниот град Аликанте во југоисточна Шпанија, соопштија спасувачките служби.
Инцидентот се случил во индустриската зона Иби, на околу четириесет километри од центарот на Аликанте, во фабрика која произведува полистирен.
Директорот на итната служба на регионот Валенсија, Алберто Мартин, за телевизијата ТВЕ изјави дека во фабриката експлодирал котел, при што загинале три лица, а три се тешко повредени.