Венс во Индија: Вашингтон и Њу Делхи блиску до нов трговски договор

Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, пристигна во четиридневна посета на Индија, во момент кога Делхи се стреми да ги избегне американските царини, да договори билатерален трговски договор со Вашингтон и да ги зајакне врските со администрацијата на Трамп.

Венс се сретна со премиерот Нарендра Моди во првиот ден од својата посета, која во голема мера е од личен карактер. Тие разговараа за прашања поврзани со билатералните односи, договорени во февруари, кога Моди се сретна со претседателот на САД Доналд Трамп во Вашингтон.

– Задоволство е да му посакам добредојде на потпретседателот Венс и неговото семејство во Њу Делхи. Го разгледавме брзиот напредок по мојата посета на САД и средбата со претседателот Трамп. Посветени сме на взаемно корисна соработка, вклучително и во трговијата, технологијата, одбраната, енергијата и размената на луѓе со луѓе. Сеопфатното глобално стратешко партнерство Индија-САД ќе биде дефинирачко партнерство на 21-от век за подобра иднина на нашиот народ и светот, напиша Моди на Х.

САД се најголемиот трговски партнер на Индија и во моментов двете земји водат преговори кои имаат за цел склучување билатерален трговски договор уште годинава. Тие си поставија амбициозна цел да ја зголемат повеќе од двојно билатералната трговија, со цел таа да достигне 500 милијарди долари до 2030 година.

Ако биде постигнат, трговскиот договор може значително да ги подобри економските врски меѓу двете земји и потенцијално да ги зајакне и дипломатските врски. 

Зачлени се на нашиот е-билтен