Денеска на 65 седница на Советот на општина Кочани се случи инцидент во кој учествуваше советникот Аки Акиов од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите (ПДПР).
Тој влезе во вербална расправа со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, поточно со советникот Мирче Стојков, а темата беше односот меѓу општината и инспекторските служби. Стојков го обвини в.д. градоначалникот Венко Крстевски за селективно постапување во однос на инспекциските служби поточно меѓуопштинска соработка.
Откако имаше дофрлување од страна на советникот Аки Акиов за време на говорот на Стојков, тој рече дека веќе е време да се крене дигнинтетот и авторитетот на Советот на општина Кочани и совентиците да се почитуваат еден со друг а да не се подлегнува на иницијативите на Аки Акиов.
„Аки Акиов може во ромското маало така да се однесува, а не да одите по паметот на Аки Акиов“, рече Стојков.
По тоа, реплика побара Акиов и му се обрати на Стојков: „Ти овие три и пол години што направи? Му зборуваш на Венко за селективна правда. Како не ти е срам, изгореа децата во дискотеката „Пулс“, 62 жртви имате, 250 луѓе имате повредени, луѓето немаат завои за …“
По ова се вжешти атмосферата, почнаа довикувања и навреди. Еден од оние што довикуваа кон Акиов беше советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васе Алексов.
Акиов, видно вознемирен и со пцости се упати кон Алексов за со него физички да се пресмета. Градоначалникот Крстевски се обиде да го спречи, но тој зема стаклено шише за вода и замавна погодувајќи една од вработените во општината а промашувајќи го Алексов.
Преземено од Мета.мк
Видеото е преземено од Фејбук страницата на Телевизија М-Нед