Додека Владата на Христијан Мицкоски се фали со реформи, опозицијата предупредува дека секоја владина реформа е сведена на гол популизам. Според СДСМ, откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт иако нема ниту здравствена, ниту економска криза, нема раст на минималната плата, просечната стагнира, а добро воспоставениот систем за зголемување на платите воспоставен од СДСМ, е целосно напуштен. Од таму преудпредуваат дека со најавените мерки на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што е укинувањето на „недсела неработен ден“, зголемвуањето на старосната граница за пензионирање и покачувње на ДДВ на 19,5%. дополнително ќе го влоши животот на граѓаните.
Денеска реагираше и Јани Макрадули од СДСМ. Тој на својот фб напиша дека ‘Власта полека, но типично, согласно доктрината на ВМРО-ДПМНЕ, го покажува своето режимско лице“.
„Реформата на администрацијата е сведена на: 600 нови вработувања во полиција и 300 нови вработувања во АРМ. Чистка во Судскиот совет, повлекување на амбасадорите, упадот во регулаторни тела, се само дел од примерите. ДКСК, сѐ почесто ќе биде ненадлежна, регулаторните тела ќе влезат во хибернација, а говорницата ќе служи за изрекување на пресуди“, напиша Макрадули на својот фб.