Во Охис има отровен линдан во поголеми количини од очекуваното

И покрај чстењето на линданот од ОХИС во септермври 2021 година, во т.н. мала депонија
сè уште има 50 отсто повеќе линдан од првичните пресметки. Во неа има и 70 тони жива, која исто така ќе треба да се извади и уништи на безбеден начин. 

Според анализите во малата депонија се преостанати 636 тони линдан, 2.613 тони контаминирана земја, 1.120 тони контаминиран бетон и околу 70 тони жива.

Резултатите од анализата на холандската компанија ТАУ ќе влијаат и на временскиот рок и на цената на расчистувањето на депонијата, иако во текот на испитувањето беше констатирано и дека количините на контаминирана земја се значително пониски од оние во првичните пресметки. Според најновите прогнози чистењето на малата депонија би траело уште три години, а би чинело меѓу 10 и 20 милиони евра.

Како што објавува Мета, според првото сценарио, доколку покрај термички третман на контаминираниот отпад и земја, во пресметката се вклучат и 1.120 тони бетон, што подразбира негово кршење, дробење, пакување, транспорт и термички третман, вкупните потребни финансиски средства би изнесувале околу 20 милиони евра. Во второто сценарио, доколку покрај термички третман на отпадот и земјата, се примени само чистење на бетонот односно негово обвивање во геомембрана и складирање во малата депонија на местото на ископаните базени, тогаш проценетите трошоци би изнесувале околу 10.5 милиони евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен