Во спомен на настраданите, фудбалерите во Вадуц носат црни маици “Кочани, 16.03.2025”

Македонската фудбалска репрезентација денеска во 15 часот на „Реинпарк“ стадионот во Вадуц ќе го започне новиот квалификациски циклус за Светското првенство 2026.

Младите македонски фудбалери веќе истрчаа на теренот со црни маици „Кочани“ во знак на почит на настраданите во огромната трагедија во нашата земја.

Сите актери ќе ги носат овие маици, а потоа и Македонија ќе игра во темни дресови, а на почетокот на мечот ќе има едноминутно молчење.

Во спомен на загинатите, и со желби повредените побрзо да оздрават, се очекува да мине денешниот фудбалски натпревар меѓу Лихтенштајн и Македонија во Вадуц.

Зачлени се на нашиот е-билтен