Забрана за палење на земјоделски култури и стрништа во цела Грција било одлучено на вонредниот состанок во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, поради зголемениот број пожари во изминатите денови, а само вчера биле регистрирани над 70, главно предизвикани од палење на остатоци од културите, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството соопштија дека забраната за палење, како и соодветните казни веќе се во сила, а мерката ќе трае до следниот вторник поради опасните метеоролошки појави, односно најавите за високи температури и многу силен ветер.
Зголемен број пожари во Грција бил регистриран од саботата со над 60 дневно, а на состанокот била разгледана и оперативната подготвеност на надлежните.