Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заеднички полициски контингент на Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија ќе ја чува надворешната граници на ЕУ кон Турција

ЕПА Бугарско-турска граница

Официјалната церемонија со што ќе се означи почетокот на активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница ќе се одржи денеска во Свиленград, соопшти бугарското Министерството за внатрешни работи.

Домаќин на настанот е бугарскиот министерот за внатрешни работи Даниел Митов. Тој ќе ги пречека колегите од Романија – Каталин Предоју и од Унгарија – Шандор Пинтер, како и делегација предводена од Франц Руф – генерален директор за јавна безбедност на Сојузното Министерство за внатрешни работи на Австрија.

Програмата на делегациите опфаќа посета на зелената граница во реонот на граничниот премин Капитан Андреево, потпишување заеднички документ со кој се регулира постапувањето на контингентот од страна на шефовите на надлежните структури во присуство на министрите, како и брифинг за медиумите.

На крајот на ноември 2024 година, тогашниот вршител на должноста министер за внатрешни работи Атанас Илков посочи дека се планира во обезбедувањето на бугарско-турската граница да се вклучи заеднички контингент од 100 граничари од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија. Разбирањето на четирите земји е дека заштитата на надворешните граници на ЕУ треба да биде заедничка одговорност, рече тогаш Илков.

Зачлени се на нашиот е-билтен