„Тврдењата дека сме работеле заедно со Христијан Мицкоски се смешни. Тој стави вето на европската интеграција на Северна Македонија. Наместо да ги вклучи Бугарите во Уставот, да започне преговори, тој одлучи повторно да ја отвори темата преку силно лобирање во Европскиот Парламент за да ги вметне идентитетот и јазикот, кои немаат место во таков извештај за напредокот“.
Ова го кажа денеска Андреј Ковачев, европратеник од бугарија во емисијата „Ова Утро“ на БТВ, пренесува Новини.бг.
„Бегањето од темата за бугарски граѓани во Северна Македнија, е главниот проблем. Нема проблем да се биде германски, чешки државјанин, но за бугарски државјанин, за над 200 илјади македонски граѓани кои добиле бугарско државјанство, тоа е проблем.“
Тој истакнал дека тоа мора да се промени ако Северна Македонија сака да стане членка на ЕУ.
„Нивниот кариерен развој е запрен, нивниот бизнис е под притисок, нивните деца се навредуваат во училиште. И се кријат. Во случајот со градоначалничката на Град Скопје, таа вели дека има чешко државјанство, бидејќи никој не е заинтересиран за тоа. Единствениот проблем е што некој е од бугарско потекло и има бугарско државјанство. Ова мора да се промени ако оваа земја сака да има европско граѓанство“, истакна и Ковачев.