Бериша го обвини Рама за недоговорност за разорните пожари во Албанија

World Economic Forum, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons
World Economic Forum, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, го обвини премиерот Еди Рама во остра изјава дека потрошил 490 милиони евра од парите на даночните обврзници за луксуз, корупциски скандали и сомнителни проекти, оставајќи ја земјата целосно неподготвена за разорните пожари.

Според Бериша, со само една четвртина од таа сума, Албанија можела да купи 7-10 противпожарни авиони, 4 хеликоптери и 180 противпожарни возила, што би спречило катастрофални штети како онаа во Делвина.

Тој нагласи дека во текот на 15 години на власт, Рама покажал целосна рамнодушност кон противпожарната заштита – критично важно прашање за медитеранските земји. Според Бериша, воздушната противпожарна флота е преполовена – од 8 хеликоптери на само 3 оперативни. Во исто време, Рама потрошил 24 милиони евра за 140 луксузни летови за две години и 130 милиони евра за инсинераторот во Тирана, кој воопшто не постои, рече лидерот на Демократската партија, цитиран од Агора Њуз.

Вкупно, повеќе од 200 милиони евра отидоа во нефункционални инсинератори, рече Бериша. Тој ја обвини и владата за други сомнителни исплати.

„Еди Рама сноси директна одговорност за катастрофалната состојба на противпожарната опрема. Штетата од пожарите е државен криминал – не затоа што владата ги предизвика, туку затоа што се покажа како неодговорна“, нагласи Сали Бериша.

Демократската партија повика на целосна одговорност, нагласувајќи дека со одговорно управување со јавните средства, земјата можеше да изгради моќна противпожарна флота и да ги спаси градовите и шумите од уништување.

Зачлени се на нашиот е-билтен