US EUCOM: Бугарија е дел од регионалните одбранбени капацитети на САД на источното крило на НАТО

Бугарија
Базата Безмер во Бугарија, Фото: By MASTER SGT SCOTT WAGERS – http://www.defenseimagery.mil/imagery.html#a=search&s=bulgaria&n=30&p=2&guid=9d7b24c9c6728643761e6e6fa0423a92f24099f9, Обществено достояние, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=7734498

Бугарија е дел од регионалните одбранбени капацитети на САД на источното крило на НАТО, соопшти Европската команда на САД (EUCOM) во официјален став објавен на социјалните мрежи.

„САД имаат регионални одбранбени капацитети на источното крило на НАТО, вклучително и во Бугарија, и ние тесно соработуваме со бугарската влада, како и со нашите сојузници и партнери во поширокиот регион, за да останеме будни и да се спротивставиме на какви било потенцијални закани“, се вели во објавата на платформата Х.

Ставот на ЕУКОМ доаѓа во услови на зголемени тензии околу распоредувањето на американски танкерски авиони во воздухопловната база Безмер и предупредувањата на Иран до Софија.

Рацин.мк потсетува дека вчера Техеран ја предупреди Бугарија да не дозволи нејзината територија да се користи за американски воени операции против Иран.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, рече дека таквата одлука ќе ја направи земјата соучесник во „агресија и воени злосторства“ и го повика бугарскиот парламент да не дозволи распоредување на американски авиони.

Изјавата уследи по одлуката на парламентарниот Комитет за одбрана да го поддржи барањето за распоредување до осум американски авиони танкери во воздухопловната база Безмер, а конечната одлука треба да ја донесе Народното собрание. Премиерот Румен Радев рече дека барањето е поднесено од САД во дипломатска нота и е поврзано со поддршка на американските операции на Блискиот Исток, врз основа на Договорот за соработка во одбраната меѓу Бугарија и САД од 2006 година.

Сепак денеска

Најчитано