Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, протестите низ државата се претвориле во „движење на насилство“ и се закани со реперкусии кон опозицијата.
Ердоган најави дека главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) ќе одговара за повредените полицајци и за штетата предизвикана за време на демонстрациите.
Турскиот претседател по владиниот состанок во Анкара рече дека „ЦХП треба да престане да ги провоцира граѓаните“.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја претходно изјави дека демонстрантите ја загрозуваат националната безбедност, додавајќи дека во петдневните протести се приведени 1.133 лица, а повредени се 123 полицајци.