Грција потпиша меморандум за разбирање со OpenAI за проширување на пристапот до алатки за вештачка интелигенција во средното образование и поддршка на иновациите во малите бизниси, објави американската компанија за вештачка интелигенција во петокот на Меѓународниот саем во Солун.
Според договорот, Грција станува една од првите земји што ќе го имплементира ChatGPT Edu, специјализирана верзија на ChatGPT за академски институции.
Избрани грчки стартапи во здравството, климата, образованието и јавниот сектор ќе добијат пристап до технологијата OpenAI и кредити за поддршка на нивните проекти.
Меморандумот го потпишаа премиерот Киријакос Мицотакис, претседателот на Фондацијата Онасис, Андонис Пападимитрио, и раководителот за меѓународни односи на OpenAI, Крис Лехејн.