Студентите во блокада и граѓаните кои го поддржуваат нивното барање за распишување предвремени избори во Србија вчера демонстрираа во околу 30 градови во земјата. Илјадници луѓе во Србија демонстрираа за предвремени парламентарни избори. На сите собири е прочитан ист текст, со кој одржувањето на вонредни парламентарни избори во земјата е оценето како одлучувачка пресвртница за Србија.
„Гласот на младите не е само шум, туку е бран кој може да покрене промени, да го врати достоинството и да пробуди надеж за правда и слобода. Демократијата не смее да остене само голо ветување“, беше порачано од протестите. Студентите нагласуваат и дека земјата е нивна и дека „ако државата не сака да ги слушне младите луѓе на факултетите, ќе ги слуша на улиците“.
Студентските протести во Србија траат повеќе од половина година, а повод за нив беше уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица. Независни експерти и претставници на опозицијата вината за трагедијата ја гледаат во небрежноста и корупцијата на власта на делумно авторитарниот претседател Александар Вучиќ.